Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на јужна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран на длабочина од 20 километри, на 43 километри југозападно од Пиргос и 111 километри југозападно од Патра во 15:18 часот по локално време.