ФИФА го суспендира голманот Емилијано Мартинез!

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез ќе ги пропушти следните два натпревари за Аргентина, a причината е суспензијата изречена од ФИФА поради неговото недолично однесување.

Суспензијата опфаќа два натпревари во квалификациите за СП 2026 против Чиле и Колумбија. Мартинез ги повтори своите прослави од Светското првенство во 2022 година по победата на Копа Америка против Чиле на 6 септември.

Голманот повторно го зеде трофејот и го стави на „меѓуножјето“ и на тој начин ги насмеа навивачите на Аргентина. Исто така, на мечот со Колумбија тој имаше инцидент со еден од камерманите.

Мартинез на тој начин ќе ги пропушти натпреварите во октомври против селекцијата на Венецуела и Боливија.