Емануел Макрон и Марин Ле Пен повторно ќе се тркаат за претседателски мандат, во втор круг на изборите во Франција.
Ова доаѓа откако вчера по првиот круг тие освоиле 28,6, односно 24,4% од гласовите.
Следуваат. Ерик Земур 7,2%, Валери Пекрес 5%, Јаник Жадо 4,4%, Жан Ласал 3,3%, Фабиан Русел 2,7%, Никола Дипон Ењан 2,3%, Ан Идалго 2,1%, Натали Арто 0,8% и Филип Путун 0,7% од гласовите.
Марин Ле Пен ги повикува „сите кои не гласале за Емануел Макрон“ да и се придружат.
„Французите ми ја прават честа да се квалификувам во вториот круг. На гласачите им изразувам најискрена благодарност. Гледам надеж дека силите за закрепнување на земјата се зголемуваат. Сите оние кои денеска не гласаа за Емануел Макрон се повикани да се придружат на нашиот собор“ – изјави Марин Ле Пен.
Емануел Макрон, кој им се обрати на неговите симпатизери од неговиот штаб лоциран на Порт де Версај, прво им оддаде почит на сите кандидати присутни во првиот круг, заблагодарувајќи се за пружената доверба, давајќи ги ориентациите на неговата програма за која ќе се гласа на 24 април.
„Вашата доверба ме почестува, ме обврзува и ме ангажира. Можете да сметате на мене дека ќе го реализирам овој проект на напредок, отвореност и независност на Франција што го браневме за време на оваа кампања, увери претседателот во заминување“ рече тој.