Фасцинацијата на раководствата на ВМРО-ДПМНЕ со тајните служби продолжува и ден денес за време на владеењето и на Христијан Мицкоски кој што најави спојување на Агенцијата за разузнавање (АР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во една единствена безбедносно-разузнавачка служба, а предвидено во програмата на новата влада.
Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција, а процесот на спојување се очекува да трае неколку месеци.
Мицкоски навел дека: „Ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се земји – членки на НАТО. Меѓу нив во соседството се Република Словенија на крајот на деведесеттите години, потоа Република Хрватска на почетокот од овој милениум“.
Ќе забележиме, примерите на Хрватска и Словенија од минатиот век не може да се посочат како современи процеси.
Но, да продолжиме и да се потсетиме дека АНБ и Оперативно-техничката агенција (ОТА) во 2019 година произлегоа од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, по аферата со прислушувањето, поточно по големиот скандал дека УБК прислушувала над 20 илјади граѓани и наводите дека тогашната УБК со години ги злоупотребува полициските овластување на лично богатење на поединци и остварување на лични и партиски интереси.
„Бомбите на Заев“ беа втора афера по „Големото Уво“ од 2000 година кога ВМРО-ДПМНЕ и тогаш беше на власт.
Може слободно да се констатира дека цели 30 години тајните служби на Република Македонија, денес Република Северна Македонија, имаат многу слаби резултати во зачувување на безбедносните интереси на државата, ќе се согласите дека не можеме ниту да помислиме да ги споредиме со МОСАД, на пример, каде што работат најдобрите, а не се здомени кадри на „мама и тато“ или блиски роднини на влијателните политичарите.
За жал принципот на негативната селекција од државната администрација, односно општеството во целост се пресликува таму каде што не треба да се преслика токму во безбедносните служби.
Поделбата на УБК беше чекор и надеж дека со реформирањето на безбедносните служби, во иднина да се спречат злоупотреби, а сето согледано со Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе, еден вид на реформа а по стандардите на ЕУ.
За заштита на граѓаните и демократските вредности, наместо спојување на службите од безбедносно-разузнавачки карактер мора да има тенденција на нивна поделба заради зачувување спречување на раѓањето на нови режими.
Во таа насока, на пример, од МВР би требало да се издвои Внатрешната контрола, а од Царинската управа да се одвои Секторот за контрола и истраги, каде што е лоцирано одделението за царинско разузнавање..
Од тука, крајно е нејасна назадна потребата на ВМРО-ДПМНЕ да ги спои во едно разузнавањето и контра-разузнавањето, освен желбата за неограничена моќ на новиот вожд на ВМРО-ДПМНЕ?!