СДСМ: Зголемени се цените за храна за 717 денари, мерките на Мицкоски нема да имаат ефект
„Се зголемуваат трошоците на живот на граѓаните, цените на основните производи продолжуваат да растат. Последните податоци за потрошувачката кошничка покажува ново зголемување во однос на месец август исто како и трошоците за храна и пијалаци кои за еден месец се зголемиле за 717 денари“ реагираат од СДСМ.
Оттаму велат дека „Ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и јасен показател дека нема да имаат реален ефект, ниту врз цените ниту врз стандардот на граѓаните“.
„Очигледно Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите заради решение во интерес на интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните. Владата треба да донесе мерки со кои реално и вистински ќе ги намали цените а не да мачка очи. Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа“ велат опозиционерите.