Паднаа 100 литри дожд, силно невреме ја зафати Хрватска
Големо невреме го зафати денеска сплитското подрачје каде за 20 минути наврнаа 20 литри дожд на метар квадратен, а сите рекорди ги сруши Задварје каде наврнаа неверојатни 100 литри дожд.
На Шолта изутрината е забележана пијавица, пишува регионалниот портал Далмација данас.
Во Костање наврнале 81 литар дожд на метар квадратен, а во Муќ 48 литри дожд, додека во Омиш 40 литри.
Како што пренесува порталот Морски, поплавена е и шибеничката област Долац.