Црвена Звезда му одржа лекција на вечниот ривал Партизан со 4-0 во деветтото коло од српската Суперлига.
Распадот на „црно-белите“ почна во првото полувреме кога Ц. Звезда доби пенал во 23. минута, а прецизен од белата точка беше Ндиаје, по што Силас во завршницата од првиот дел зголеми на 2-0.
Партизан беше ужасен и во вторите 45 минути, а тоа го искористи Ндиаје за да постигне уште два гола и да ја израдува Црвена Звезда.
Ц. Звезда е лидер во домашниот шампионат со 22 бодови, по што следи Младост со 19 бода, додека Партизан е на деветто место со 11 поени.