Обединетите Нации кон крајот на 2017 година го прогласи 23 септември за меѓународен ден на знаковен јазик, кој има еднаков статус со сите говорни јазици.
Целта е да се подигне свеста за значењето и потребата на знаковниот јазик како човеково право на глувите и наглуви лица.
Ние како Влада целосно ја даваме поддршката за негување на лингвистичките идентитети, затоа што лицата со оштетен слух и говор го збогатуваат нашето општество и култура. Заедницата на глуви лица, без разлика на етничка и религиозна припадност може да ни биде добар модел на заедништво и користење на еден јазик, македонскиот знаковен јазик.
Денес имаме околу 7000 илјади глуви и наглуви лица кои го користат македонскиот знаковен јазик, а нашата Влада ќе се бори да им обезбеди достоинствен живот и унапредување на правата!
Да е честит 23 септември – Ден на знаковниот јазик, порача премиерот Христијан Мицкоски.