(Видео) Шок за Барселона – осум месеци ќе бидат без првиот голман

Фудбалерите на Барселона скапо ја платија убедливата победа од 5:1 против Виљареал на гостински терен, бидејќи според првите прогнози останаа без еден од најважните членови на тимот, голманот Марк-Андре Тер Штеген.

Кон крајот на првото полувреме, германскиот голман по еден дуел со противнички играч, падна на тревникот и подоцна покажа болни гримаси на лицето.

Тој беше изнесен на носилки, а на негово место дојде Инаки Пена.

Првите информации од Шпанија не се добри за селекторот Ханси Флик.

Тер Штеген заработи тешка повреда – кинење на пателарната тетива, а се предвидува дека нема да може да брани осум месеци. Што би значело дека сезоната е завршена за голманот на Барса.