Месина: Имам само пофални зборови за Нено, ќе ни биде од голема помош сезонава

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одлично деби во дресот на Олимпија Милано.

Популарниот Нено беше најдобар стрелец на „манекените“ во победа на својот нов тим во полуфиналето од Суперкупот на Италија.

По средбата, тренерот Еторе Месина со суперлативи зборуваше за нашиот најдобар кошаркар.

„Имам само пофални зборови за Нено. Уште пред да го доведеме знаевме за каков играч станува збор. Тој играше во Уникс Казан и таму беше лидер во тимот.

Нено е кошаркар кој може да пополни повеќе позиции и ќе ни биде од голема помош сезонава“, изјави Месина.

Димитријевиќ натпреварот со Венеција го заврши со 14 поени, а во финалето Милано ќе се сретне со големиот ривал Виртус Болоња.