Продажбата на автомобили во ЕУ опаѓа а во Македонија расте
Европа забележува голем пад на продажбата на автомобили. За месец август се продадени 644 000 нови автомобили, што во споредба со август 2023 години е за 18,3 отсто помалку. Намалувањето на продажбата е регистрирано на сите четири европски водечки пазари, германскиот, италијанскиот, францускиот и шпанскиот.
Во истиот период во Македонија, иако драстично помал пазар во однос на европските, забележан е раст на продажбата на автомобили за околу 50 проценти во споредба со лани. Во јули се продадени повеќе од 750 возила, од кои 640 патнички и над 100 возила за достава.
Во растот на продажбата на нашиот пазар голем удел има Geely, новиот автомобилски бренд кој е се поприсутен на македонскиот пазар и на патиштата. Кај Geely е забележан голем процент на зголемување на продажбата и континуирано расте откако се појави, што кажува дека македонскиот пазар брзо ги препозна квалитетите и предностите на овој автомобил. За само шест месеци, Geely забележа продажба од над 100 автомобили. Интересно е тоа што Geely ги достигна овие резултати само со два модели, додека во 2025 година се очекува да бидат постапни за продажба повеќе од 5 модели. Прво се очекуваат Geely Starray, кој првпат беше претставен во Македонија и уште E5 моделот.
Македонскиот пазар само го следи трендот на европскиот, така што во јули, Geely Automobile Holdings Limited („Geely Automobile“) објави дека продажбата во странство достигнала 197 428 возила во првата половина на 2024 година, што бележи пораст од над 67% од претходната година, со што постави нови рекорди за обемот на продажба.
Рангиран меѓу топ 10 најпродавани автомобилски брендови на глобално ниво, Geely се повеќе ги освојува светките пазари. Формулата за успехот и популарноста на овој автомобил се крие во размената и комбинацијата на технологиите на европските партнери и стратешките сојузи на Geely. Во својата групација ги поседува светски познатите брендови Волво, Полстар (Polestar), Линк&КО (Lynk&Co), Zeekr и Смарт (Smart) а има 12% удел во Aston Martin и 10% од Daimler. Дополнително, има склучено мултимилијардерска соработка со Renault за развој на најсовремени мотори.