Д-р Зоран Мрвиќ, директор на општата болница во Краљево, за српски Информер потврди дека Мирјана Лазовиќ (32), мајката на трите деца кои загинаа во несреќата кај Рашка, по сопствено барање е пуштена на домашно лекување.
Како што објаснил докторот, таа знае што се случило, цело време била свесна, и не сакала повеќе да остане во болница.
– Имаше повреда на подлактицата од изгореници и расекотина на главата. Денеска е пуштена дома, на сопствена одговорност. Знае дека останала без сопругот и децата, не сакала да остане во болница – изјави Мрвиќ.
По страшната сообраќајна несреќа, која се случи кај Ушќе кога автомобилот се судри со системот „ПАСАРС“ на Војската на Србија, Мирјана била во свесна состојба додека пожарникарите ја извлекувале од под згмечениот автомобил.
Загинаа сите членови на нејзиното семејство, меѓу кои три деца и сосетката Дијана К.(27).
Сопругот на Мирјана, Данијел , кој бил вработен во касарната во Рашка, по потекло е од Нови Пазар, каде што израснал. Тој и неговата сопруга се преселиле во Рашка пред неколку години, кога Даниел се вработил во војската на Србија.
Возачот на оклопното возило кое се судрило со автомобилот во кој биле тие имал повеќе од 0,20 промили алкохол во крвта, што е спротивно на правилата на Вооружените сили на Србија, кои наложуваат нулта толеранција на алкохол за припадниците на војската.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, на М.В. му е одреден 48 часовен притвор.