ВМРО-ДПМНЕ: АД МЕПСО расипнички се однесувало со парите на граѓаните

„Работењето на АД МЕПСО под претходното раководство е сомнително по неколку основи, а особено во делот на давање донации.

За 2024 година на име донации и спонзорства АД МЕПСО предвидело вкупно 12.300.000 денари, а потрошило по овој основ 22.712.500 денари.

Законот за донации и спонзорства согласно член 11 предвидува да се утврди целта на донација и истата да биде од јавен интерес.

Оттука се поставуваат прашањата.

Прво, кој е јавниот интерес кога станува збор за донацијата на АД МЕПСО, односно од донацијата за Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор. Здружението добило 120.000 денари.

Второ, СЕСОН добило 300.000 денари и ОФ на Македонија добило 1.000.000 денари, а нема никакви јавни податоци.

Трето, Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца од АД МЕПСО добил 300.000 денари во месец април оваа година.

Четврто, боречки клуб Тефејуз Скопје од АД МЕПСО добил 300.000 денари“ соопштија од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.