Семејство од Сирија извршило 110 злосторства во Германија

Сириско семејство кое дошло во Германија во 2016 година од Алепо извршило вкупно 110 злосторства, објави Билд.

Таткото Алмуди Х.(43) има 13 деца, а на полицијата и се познати вкупно девет членови на семејството.

Синот Халил Х., кој има 17 години, извршил 34 кривични дела. Тој е во притвор по напад со нож, а во затвор се и неговите тројца браќа.

Неговиот 21-годишен брат Муфед Х., пред два месеци излезе од затвор, откако отслужи тригодишна затворска казна поради нанесување тешки повреди.

Полицијата во Штутгарт пред десетина дена повторно го уапсила, откако им се заканил на две 16-годишни девојчиња и им го украл мобилниот телефон. Тој со нож и се заканил на друга жена и и го побарал мобилниот телефон, а потоа бил уапсен од полициската патрола.

Муфед наводно ги нападнал девојчињата на местото каде што неговиот друг брат Едо (19) наводно бил вклучен во напад со нож во кој тешко биле повредени три лица во ноември 2023 година.

На 19-годишниот Едо му се суди за обид за убиство. Покрај тоа, 14-годишник е во малолетнички затвор за 21 кривично дело, а 12-годишник и е познат на полицијата.