Хрватската полиција го уапси српскиот актер Сергеј Трифуновиќ на границата со Србија, на преминот Бајаково.
Сергеј синоќа околу полноќ е уапсен на граничниот премин. Имено, тој е приведен додека се обидувал да ја премине српската граница и да влезе во Хрватска, пишува Слободна Далмација.
Хрватската полиција излезе со официјално соопштение за случајот со српскиот актер.
-Утврдено е дека постои основано сомнение дека мажот сторил прекршоци по членовите 5 и 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, поради што денеска е спроведен во службени простории.
Трифуновиќ и лани имаше проблеми во полицијата и тоа во Сплит, а беше пријавен за две кривични дела – чување животно без надзор и навреда на полицајци.