Попладнето во МНР беше повикан новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава, Желјаско Радуков, за да му биде врачена протестна нота по случајот со неистакнувањето на македонското знаме на средбата во Софија меѓу претседателите на двете земји, Гордана Сиљановска Давкова и Румен Радев.
Од МНР за „Слободен печат“ потврдуваат дека амбасадорот Радуков одбил да ја прими протестната нота од нашето министерство.
Најновите тензии на релација Скопје-Софија се случуваат откако на официјалната фотографија од средбата во Софија меѓу Силјановска Давкова и Радев, недостасуваше македонското државно знаме.
Од Софија одговорија дека посетата на македонската претседателка не била ниту била државна ниту работна и дека ќе ја пречекаат Силјановска-Давкова со државно знаме тогаш кога таа ќе дојде во официјална државна посета.