Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, испрати зборови на поддршка до републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, врз кого имаше втор обид за убиство.
Додик на социјалната мрежа Х напиша дека по втор пат се обиделе да го убијат Трамп.
„Господине претседателе, чувајте се, ни требате да победите! На Америка и требате вие, но и на остатокот од светот“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.
Неколку истрели биле испукани вчера во близина на теренот за голф на Трамп во Вест Палм Бич, Флорида.
Безбедносните служби настанот го означија како обид за атентат. Осомничениот е Рајан Весли Рут, кој го чекал Трамп во грмушките кога го забележале агентите на Тајната служба.
➡️ Second attempt to kill President Trump already. Mr. President, take care, we need you to win! America needs you, but the rest of the world as well! @realDonaldTrump
➡️ Већ други покушај убиства предсjедника Трампа. Господине предсjедниче, чувајте се, требате нам да…
— Милорад Додик (@MiloradDodik) September 16, 2024