Борис Бекер тајно се венчаше со 23 години помладата партнерка
Поранешниот тенисер Борис Бекер (56), тајно се венча со Лилиан Де Карваљо Монтеиро (33).
Германскиот „Vogue“ ги објави првите фотографии од венчавката во Портофино, а Бекер беше облечен во одело со беж боја и црна пеперутка – машна, додека Лилиан блескаше во венчаница без прерамки, а според пишувањата на „Vogue“ на венчавката присуствувале околу 80 гости.
Лилиан, менаџерката за процена на политички ризици од африканскиот остров Сау Томе и Принципе веќе неколку години е во љубовна врска со Бекер.
Парот се преселил во Милано, откако Бекер излезе од затвор, каде што ја отслужуваше затворската казна поради измама околу неговиот личен банкрот.
Според пишувањата на списанието „Bunte, Бекер по излегувањето од затвор во 2022 година изјавил: „Преживеав поради нејзината љубов. Да, таа е големата љубов на мојот живот и се надевам дека засекогаш ќе останам со неа“.
Монтеиро којашто има три дипломи и зборува пет јазици, потекнува од угледно семејство, нејзиниот татко бил министер за одбрана на Сау Томе и Принципе како и претседателски кандидат во 2014 година.
Меѓутоа на Борис ова му е трети брак, тој со првата сопруга Барбара се венчаше во 1993 година, а се разведе во 2001 година, откако призна дека имал афера со друга жена додека Барбара била бремена со нивното второ дете. По бракот со Барбара, Бекер се оженил со Лили Бекер, но по девет години поминати заедно тие се разведоа во 2018 година.