„Министерот Тупанчески е фатен во офсајд, немало сметки затоа што било бесплатно, од ФФМ. Не е прв ни последен што лаже“
„Во СДСМ – верзумот велат секое семејство штеди по 4.000 месечно. Сепак има зли влијанија, почнаа да штрајкуваат, администрацијата ќе штрајкува што нема да работат по 2 саати во денот за разлика од нормален ден кога не работат по 8 саати“
„Руски агенти ни се мешале со Бугарите, им викале дај не ги пуштајте овие во ЕУ“
„Во ВМРО – верзумот, таму е се мирно и лагодно, СДСМ работат за да ги донесат на власт“ – се пораките на Моџо Килингтон во рубриката (Не) реално со Моџо.