Автомобил направи масакр на парада во Висконсин – епилогот 5 загинати и над 40 повредени

Петмина загинати и над 40 повредени е епилогот по несреќата која синоќа се случи на божиќната парада во Висконсин, соопшти американската полиција.

Инцидентот се случи во Ваукеша, мал град на 32 километри западно од Милвоки. Началникот на полицијата изјави дека уапсен е возачот кој со голема брзина влетал во толпата.

Итната помош пренела 12 деца и 11 возрасни во болниците.

Првите снимки кои се појавија покажуваат како црвено теренско возило брза кон задниот дел на парадата. Полицијата пукала во возилото, а во престрелката никој не бил повреден.

Очевидци на настанот изјавиле возилото удрило и во група млади танчери на возраст од 9 до 15 години. Проценките се дека возилото се движело со брзина над 60 километри на час.