На 7 септември, над Меѓународниот аеродром во Скопје, се случи инцидент во воздухот кога два авиони се нашле на иста висина и за малку ќе се судриле. Едниот авион бил на летот ТК1358 на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Мадрид до Истанбул, додека другиот бил на летот за Лондон на „Санекспрес“, јави СДК.мк.
Инцидентите во воздухопловството секогаш предизвикуваат интерес и загриженост. Воздухопловните власти, сега го испитуваат случајот. Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време, и дали станува збор за инструкции на контролата за летање или е грешка на пилотот.
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потврди дека постапува по наводите дека за малку ќе се судреле два авиона на небото над Скопје на 7 септември.
Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина. Во овој случај, 30 секунди пред да се разминат, авионите биле на иста висина од 36.000 стапки, но потоа едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Среќата била на нивна страна, но ова е прилика да се прегледаат процедурите и безбедносните мерки.