Во утринските часови, во нестабилната југозападна струја, се разви дождовен воз на крајниот северо-запад на Истра, каде што локално паднаа над 115 мм дожд.
Утрово беше јасно дека ќе се формира воз со врнежи, кој ќе донесе екстремни количини на дожд. Според извештаите од теренот, најтешко погодени се Копар и Умаг, каде бројни патишта се под вода, пренесува Истрамет.
Дождовниот воз е феномен каде низа конвективни бури преминуваат по истата патека поради нестабилната атмосфера и фронтот. Поради континуирана конвекција и обновување на облакот, ова може да резултира со обилни врнежи во локализирана област, што често предизвикува поплави.
Во остатокот од денот не се очекуваат слични услови, но врнежите ќе бидат нерамномерно распределени.
Umag je pod vodom…video by Lori Banjac pic.twitter.com/eykzA1gkBC
— IstraMet (@IstraMet) September 12, 2024