Претседателката на Косово – Вјоса Османи е на турнеја по телевизиски станици низ Европа и води кампања против Александар Вучиќ, пишуваат српските медиуми.
На Вјоси Османи и пречи тоа што Вучиќ води независна надворешна политика и е единствениот во Европа кој нема воведено санкции кон Русија, се дел од извештаите.
– Се разбира, откако започна руската инвазија на Украина, како што со право истакнавте, тензијата во регионот, во целиот регион на Западен Балкан, расте. И повторно, затоа што во нашето соседство има земја која сака да им служи на руските интереси за дестабилизација на останатите земји од Западен Балкан. Верувам дека има надеж, се разбира, за Западен Балкан во крајна линија е Европската Унија и НАТО, но предуслов за постигнување на такви резултати е да се однесуваме кон Србија онаква каква што е – вели таа.
Османи понатаму вели дека Србија е рај за сите руски олигарси.
— Klarins 1080 (@klarins841) September 12, 2024