Путин: Русија може да го ограничи извозот на стратешки суровини
Русија може да воведе ограничувања за испорака на одредени суровини во странство, доколку тоа не и наштети на нејзината економија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со членовите на владата.
„Русија е лидер во однос на резервите на голем број стратешки видови суровини … За некои видови што ги снабдуваме во големи количини на светскиот пазар … можеби треба да размислиме и за одредени ограничувања – (кога станува збор за) ураниум, титаниум, никел“, рече Путин, пренесе агенцијата РИА Новости.
Тој потсети дека Русија има речиси 22 отсто од светските резерви на природен гас, 23 отсто од светските резерви на злато и 55 отсто од светските резерви на дијаманти.