Пред очите на македонската јавност се случува политиканство. Цел ден се пробува да се направaт опструкции на дневниот ред и да се попречи донесувањето на битни закони за граѓаните на Република Македонија, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.
Мицевски посочи дека да се биде надвор од салата кога во Собранието треба да се гласа за битни закони како предлог законот за зголемување на пензиите на сите пензионери во Македонија, линеарно пет илјади денари, е се само не сериозно делување.
„Да се биде надвор од салата кога во процедура е Предлог закон за изменување и дополнување на Закон за пензиско и инвалидско осигурување, Закон со кој што се планира на сите пензионери во државава да им се зголеми пензијата за две и пол илјади денари, почнувајќи од септемвриската пензија и дополнително две и пол илјади денари и со мартовската пензија, значи пет илјади денари зголемување, опозицијата да опструира и да бара прекини, односно по еден час пауза на утврдување на дневен ред, е се само не сериозно“, рече Мицевски.
Тој им се обрати на колегите пратеници од опозицијата при што им посочи дека тие пет илјади денари на пензионерите е обврска на сите нис да ги изгласаат и да ги дадат ден побрзо, затоа што таму пензионери не се само Македонци, туку дека таму има и Албанци, Турци, Роми, Власи и други на кои што имат обврска, како пратеници, да им го подобрат животот и животниот стандард.
„Дополнитено, да се опструира донесување на заем со овие услови, со кои што ќе се обезбеди половина милијарда евра, пари кои што ќе бидат пратени и вбризгани во стопанството каде што има стопанственици Македонци, Албанци, Турци или ќе се дадат на општините за кои што веќе има распишан јавен повик, не делејќи ги општините на општини од власт или општини од опозиција или општини по било која друга поделба. Колеги пратеници, ве повикувам сите заедно да влеземе и час побргу да ги изгласаме овие закони, да престанат политиканствата кои што ги правите цел ден“, повика Мицевски.