За две децении цената на златото се зголемила за 800 отсто

Во изминатата година цената на златото постојано урива рекорди. Оваа година започна со историски максимум од 2.050 долари, а секој месец достигнуваше нов максимум.

Сегашната светска берзанска цена е околу 2.520 долари за унца, што е раст од речиси 500 долари за само осум месеци од годинава, а се очекува годината да ја заврши со нов рекорд, пишува Политика.

Дека златната треска на 21 век е дефинитивно на сила говори и податокот дека за две децении цената на овој благороден метал скокна за 800 отсто.

Според Георги Христов од Taвекс злато & сребро Србија, златото бележи долгорочен постојан раст на цените речиси половина век и се третира како „безбедна инвестиција за засолниште“.

„Вкупната глобална побарувачка за злато за вториот квартал од оваа година е 1.258 тони, што е скок од четири отсто во споредба со минатата година. Понатаму, Светскиот совет за злато рече дека ова е најсилниот квартал од кога почнале да водат евиденција во 2000 година. Исто така, купувањето на централните банки скокна за шест отсто во однос на минатата година, што исто така беше рекорд. Така, јасно можеме да видиме дека побарувачката на злато во моментов е на највисокото ниво на историјата“, објаснува Христов.

Централните банки ширум светот придобивката од златото ја гледаат како стабилна резерва која е целосно под нивна контрола и не зависи од странски фактори, а оваа матрица ја преземаат се поголем број приватни инвеститори – велат експертите. Така се однесуваат многу инвеститори и централни банки ширум светот.

Меѓудругото, Народната банка на Србија, која златото го гледа како долгорочен штит против инфлацијата и како стабилна резерва, па моментално во своите трезори има рекордни 46,5 тони од овој метал.