Пленковиќ ненадејно отиде во Украина

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утрово допатува во посета на Украина, а снимката од таму е објавена на социјалната мрежа „Икс“.

Пленковиќ во Киев ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и други украински претставници.

Заедно со Пленковиќ во Украина се и тројца министри, како и шефот на неговиот кабинет.