Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала го погоди Коринт

Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди грчката префектура Коринт на Пелопонез.

Нема извештаи за повредени или материјална штета, пренесува Катимерини.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил лоциран на четири километри северо-северозападно од Фенеос, на длабочина од 11 километри.