Француските власти покренаа кривична истрага откако на социјалните мрежи беше објавена снимка од воспитувачка како удира тригодишно девојче во градинка во Париз.
Наводно, воспитувачката испрскала со непозната течност во лицето на девојчето кога тоа извикала „мамо, мамо“.
Видеото, кое го објави адвокатката на родителите на тригодишното девојче, предизвика шок и бес низ целата земја.
Наводниот напад се случи минатиот вторник, на 3 септември, на првиот ден од учебната година во училиштето Фрере-Воасинс.
На објавеното видео, неидентификувана воспитувачка се гледа како стои над девојчето што плаче пред да го удри по грбот, предизвикувајќи тригодишното дете да падне на подот.
Une Maîtresse violente une petite fille de petite section et lui asperge un liquide sur la tête dans une école du 15 ème arrondissement de Paris. Une plainte a été déposée. En tant qu’avocate je mènerai ce combat main dans la main avec la famille, en tant que maman mon cœur… pic.twitter.com/5LQ6O6XP5f
— Vanessa EDBERG (@EdbergVanessa) September 9, 2024
Ванеса Едберг, адвокатка која ги застапува родителите на девојчето кои го објавија видеото на X (поранешен Твитер), изјави во вторникот:
„Тоа не беше шлаканица. Таа ја удри по грбот. Тоа што се случи е крајно сериозно“.
Адвокатката рече дека воспитувачката зела мало шише и „испрскала неидентификувана течност на нејзиното лице“.
Според неа, девојчето и остатокот од нејзиното семејство биле „екстремно истрауматизирани“, а целиот случај го пријавиле во полиција и во обвинителство. Според неа, инцидентот тајно го снимила мајката на второто дете, која цел ден била во просторијата.
„Ја удрила ќерка ми и претходно, затоа имаше таква емотивна реакција, а мајката која беше таму реши дискретно да снима“, рекол таткото на девојчето за Le Parisien, пренесува Daily Mail.
Откако воспитувачката го удрила девојчето, тоа било избркано во аголот каде продолжило да вика „мамо, мамо“ и да плаче. Откако воспитувачката ја испрскала со течност, се слуша нејзиниот глас:
„Ќе видиш, татко ти ќе се врати кога ќе му кажам“.
Родителите прво не знаеле за видеото, но жената која го снимила го предала по два дена.
„Веднаш отидовме да поднесеме пријава“, рече таткото, кој рече дека и неговиот син бил „турнат од воспитувачка “ кога бил таму пред две години.
Воспитувачката наводно била „на боледување“ во вторникот додека чекала интервју со властите, рече портпаролот на градинката, додавајќи:
„Воспитувачката ги призна фактите и му се извини на семејството“.
Нападот на дете под 15-годишна возраст е кривично дело казниво со затвор во Франција.
Началникот на 15-тиот арондисман во Париз, Филип Гужон го коментираше целиот случај.
„Ова се случи ден по почетокот на учебната година. Воспитувачката е уапсена и веднаш разрешена.