На прашање на Трилинг како ќе се постави доколку треба да влезе во сериозен дијалог со официјална Софија за да се релаксираат односите, и дали би го поканила на тет-а-тет средба бугарскиот претседател Румен Радев, актуелната македонска претседателка Гордана Сиљановска Давкова која тогаш беше кандидат за претседател на државата (15.03.2024), рече „се разбира, вие не можете да избегате од географијата, од геополитиката“.
„Се разбира дека ќе разговарам за се. Прво ќе му посочам дека во науката, а науката за мене е многу слична во културната дипломатија. За да ве почитува некој, треба да му дадете пример бидејќи по мене традиционалната политика не е толку моќна колку што е културната. Се разбира дека во Бугарија треба да имате пријатели кои ве ценат за да покажете дека можете да одберете вистински пат“ рече Сиљановска Давкова во мартовското гостување во Трилинг.
(споменатиот дел е на видеото од 11.00 до 12.45 минути)
Дали ќе се обиде, како што кажа, на Радев да му ја претстави културната политика за да стекнеме пријатели во Бугарија, ќе видиме во петок, во Софија.