„Изминаа 20 дена од скандалозното признание вина и спогодба меѓу членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мехмети и Ислам Абази, двајцата првенци на ДУИ. Изминаа 15 дена откако прашуваме каде е Дрин Ахмети и дали е точно дека одамна е спроведен надвор од државата. Изминаа 3 дена откако објавивме дека претседателот на огранокот на Села во Боговиње е уапсен за профитирање од криминални коцкарници преку интернет“ соопштија од коалицијата ВРЕДИ.
Според нив „од сите страни пристигнуваат информации и докази за скандали од различни институции поврзани со кадрите на минатата Влада“.
„Се однесувале буквално како државниот буџет да бил приватно чекмеџе кое треба да ја задоволува нивната алчност. Ахмети и Села упорно молчат, и наместо да се извинат, најавуваат посети на нивните ограноци. Изгледа дека го храбрат членството со нова порција лаги – дека час поскоро ќесе вратат на власт. Продолжува нивното политичко слепило со кое упорно се обидуваат да ги направат Албанците штит за политичката корупција на нивните перјаници кои сакаат да уживаат во нелегално стекнатиот имот. Ова раководство на ДУИ уште е заглавено во минатото од пред 15 години кога Албанците се уште им веруваа дека навистина се борат за нивните права. Времето на тие заблуди одамна заврши“ велат од ВРЕДИ.
Порачуваат „допрва ќе почне да се одмотува клопчето кое ќе ги разоткрива вистинските лица на политичките богаташи чија единствена цел било безмилосно да се граба од народните ресурси“.