Најмалку 40 лица загинаа, а 60 се ранети во хуманитарната зона Ал-Маваси во Кан Јунис во текот на ноќта, соопшти Цивилната одбрана на Газа, додека израелската војска соопшти дека нападот бил насочен кон „команден центар“ на Хамас.
Повредените луѓе се префрлени во болници, изјави претставникот на цивилната одбрана во Газа, Мохамед Ал-Мухаир, додавајќи дека спасувачките тимови трагаат по 15 исчезнати во нападот.
Од ударите оставија големи кратери во хуманитарната зона, каде целосно беа уништени меѓу 20 и 40 шатори.
Израелската војска соопшти дека гаѓала област во Кан Јунис, откако утврдила дека е окупирана од членови на Хамас.
Палестинската организација Хамас негираше дека има борци во хуманитарната зона.