Лукашенко помилува 30 политички затвореници
Белорускиот претседател Александар Лукашенко во средата објави дека помилувал уште 30 политички затвореници, што е трето ослободување на затвореници во последните три месеци.
Имињата на ослободените не беа објавени, но не се очекува да биде вклучена најпознатата затвореничка во земјата, истакнатата опозициска личност Марија Колесникова.
Таа беше дел од трите жени, вклучувајќи ги Светлана Тихановскаја и Вероника Цепкало, кои водеа обединета кампања за промени против Лукашенко на претседателските избори во 2020 година.
И покрај тоа, сестрата на Колесникова се надева дека неодамнешните помилувања се сигнал до светот дека Лукашенко можеби е подготвен да се пазари за слободата на другите политички затвореници во замена за некакви отстапки.
Taa, исто така, се надева дека Лукашенко, кој ја држи власта во Белорусија во последните 30 години, можеби размислува за сопствената иднина и може да биде отворен за апели од западните земји за ослободување на затворениците.
„Лукашенко не сака да биде заборавен откако ќе се случи мир со Украина“, изјави Тања Хомич за Гласот на Америка.
„Тој не сака ниту Белорусија целосно да биде проголтана од Русија“.
Има сè поголема итност во случајот на Колесникова, бидејќи таа и затворениците од највисок профил во Белорусија се држат без комуникација речиси 600 дена.
Луѓе блиски до нив велат дека има застрашувачки целосно затемнување на сите официјални детали за нивните услови.