Во грчкиот град Агрини, 75-годишна жена е тешко повредена откако паднала од тераса додека бегала од својот син – насилник.
Несреќната жена се здобила со скршеници на рацете, нозете и карлицата, а моментално е во тешка состојба во болница.
Според извештајот на грчката полиција, инцидентот бил пријавен во саботата вечерта, во кој се наведува дека жената паднала од терасата откако била бркана од нејзиниот син.
Според исказите, синот прво вербално, а потоа и физички ја нападнал мајка си.
За да избегне дополнително малтретирање, несреќната жена се фрлила од терасата кога нејзиниот син земал железна прачка за да ја удри.
Полицијата брзо реагирала и вчераутро го привела синот кој сега се соочува со пријави за семејно насилство и за тешки телесни повреди.