Поранешниот кошаркар на Фенербахче Илкан Караман го загуби својот живот, потврди денеска тимот од Истанбул.
Во соопштението се наведува дека Караман загинал во сообраќајна несреќа која се случила во Датчи.
Несреќата наводно се случила така што возач под дејство на алкохол го удрил Караман додека тој стоел на тротоарот.
Караман кој ги чекал пријателите починал на лице место, а против возачот е отворена истрага.
Екс-кошаркарот на Фенербахче имаше 34 години и во текот на кариерата настапуваше уште за: Тофаш, Каршијака, Бешикташ и Маниса. Забележа и неколку настапи во турската репрезентација.
Milli basketbolcu İlkan Karaman neden öldü, nereli, hangi takımlarda oynadı? #SONDAKİKA #ilkankaraman #narin #yagmur #fenerbahcehttps://t.co/CrZFk3uT5o pic.twitter.com/lgcAZyH9uz
— DAMGA (@gazetedamga) September 8, 2024