Двегодишно момче било убиено со нож од неговиот шестгодишен брат
Двегодишно момче било убиено од неговиот шестгодишен брат откако неколку пати го избодел со кујнски нож во Џолиет, во близина на Чикаго, во американската сојузна држава Илиноис, соопшти денеска полицијата.
Во соопштението за медиумите се наведува дека убиството се случило во петокот попладне во куќата, а дека детето било констатирано за мртво во болница, пренесе АП.
Мајката на децата во полиција рекла дека била во куќата, но во друга просторија кога се случила несреќата.