Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 на гостувањето кај Фарски острови во првото коло од Лигата на нации, двете селекции постигнаа по еден гол од пенал.
Натпреварот почна лошо за Македонија, судијата свирна пенал за Фарски острови по фаул на Иљазовски уште во осмата минута. Давидсен беше сигурен реализатор за нивно водство од 1-0.
Голема шанса во првото полувреме пропушти Чурлинов откако го помина и противничкиот голман, но беше блокиран и не успеа да израмни.
На стартот од првото полувреме Македонија доби пенал, сигурен реализатор беше Барди за израмнување на 1-1.
Во вториот дел шансата на мечот ја имаше Ќамили, но тој од неколку метри успеа да го префрли голот и пропадна уште една голема можност за Македонија.
И ова издание на Македонија отвора многу прашања, зошто Трапановски и Бабунски кои се едни од најстандардните во своите клубови не добија шанса, зошто Алиоски уште е во репрезентацијата кога веќе со години не игра клупски фудбал.
И селекторот и играчите треба да направат сериозна анализа на она што се случуваше во Торшавн, бидејќи за само три дена не очекува меч со многу посилната Ерменија во Скопје.
Дали е време за оставка на селекторот Благоја Милевски, коментираат фановите на македонската фудбалска репрезентација.