Шанса за уште еден дебитант – Милевски повика нов напаѓач во Фарски Острови
Благоја Милевски вчера во последен момент остана без Милан Ристовски и Александар Трајковски кои откажаа поради повреди, па иако во прв момент се размислуваше дали да се повика замена, селекторот сепак се одлучи да повика еден нов фудбалер.
Покрај Кристијан Трапановски, во овој септемвриски прозорец шанса за деби ќе има уште еден дебитант, а тоа е младиот Марио Илиевски.
Фудбалерот кој игра за младинската репрезентација првпат добива шанса во сениорскиот тим, но планирано е веќе денеска да се приклучи во Торшавн и да го одработи првиот тренинг.
Селекторот Милевски на овој начин ќе добие опција плус во нападот за мечот со Фарски Острови кој го играме утре, но Илиевски ќе конкурира за настап и за вториот меч со Ерменија.
Марио има 22 години и во моментов настапува за ЦСКА Москва, тим за кој постигна два гола на стартот на новата сезона во Бугарија.