Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, денеска е во официјална посета на Македонија каде со неговиот колега Тимчо Муцунски ги истакнаа традиционално добрите односи меѓу двете држави.
На прес-конференција во Скопје, Фидан нагласи дека имаат цел да ги зајакнат економските врските.
„Соработката, пријателско и сојузништвото со Македонија го цениме многу. Разговаравме како можеме да ја унапредиме оваа соработка. Како Турција, изразуваме дека имаме интерес да потпишеме Биш стратешки совет за соработка. Турција има цел да се зголеми билатералната економска соработка на две милијарди и ќе продолжиме со поддршка на турските компании да инвестираат во земјава“, изјави Фидан.
Министерот Муцунски потенцираше дека Турција е НАТО сојузник ни докажан пријател на Македонија.
„Традиционално добрите односи позитивно влијаат на економската соработка. Со Турција споделуваме заеднички ставови и за безбедносни и регионални прашања. Посебно го запознав со нашиот евроинтеграцискиот пат, со посебен акцент дека предвидливост е многу важна“, изјави Муцунски.
Фидан е првиот министер за надворешни работи кој доаѓа во посета на Македонија откако Муцунски раководи со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија односно по формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во неговата агенда е и посета на Собранието, каде ќе има средба со претседателот Африм Гаши.