Дачиќ: Смртта на Бора Ѓорѓевиќ е голема загуба, тој е еден од најголемите уметници што ги имала Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија – Ивица Дачиќ денеска по повод смртта на Бора Ѓорѓевиќ изјави дека тоа е голема загуба, бидејќи Бора бил еден од најголемите рок уметници во Југославија, а можеби и пошироко.

Дачиќ рече дека Ѓорѓевиќ е некој што ги одбележал нашите детства и младост, некој со кој растеле постарите генерации, но дека го слушаат и младите.

– И покрај тоа што веќе не беше млад, сепак имаше хитови, сепак беше на врвот на нашата музичка сцена. Беше патриот. Имав можност да се дружам со него долги години и знам како реагираше на одредени работи кои го засегаат нашиот народ – изјави Дачиќ.

Министерот рече дека е во контакт и со менаџерот на Бора и дека прашал како може да помогне.

– Бора Ѓорѓевиќ ќе остане запаметен како еден од најголемите уметници што ги имала Србија – рече Дачиќ.