Мицкоски: Му се заблагодарувам на Фатмир Битиќи за доаѓањето на BMZ во Македонија
Денеска во ТИРЗ Скопје беше поставен камен-темелник на новата германска инвестиција БМЗ, која ќе произведува литиумско-јонски батерии, а премиерот Христијан Мицкоски рече дека за нивната одлука да дојдат во Македонија заслуги има вицепремиерот за економски прашања од претходната власт Фатмир Битиќи.
– Да му се заблагодарам на поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи.
Претпоставувам дека тој со тоа не успеал да ги убеди граѓаните доволно пред парламентарните избори до 8 мај, па оваа влада го заврши овој процес, рече Мицкоски.
BMZ Group ќе инвестира околу 65 милиони евра, а директорката Јелица Ивановска рече дека тие и досега произведувале во земјата.
– Ние работевме со 110 вработени и досега , но како „браунфилд“ во фабриката на Раде Кончар во сектори со пет линии. Сега ќе градиме нова и модерна фабрика, планираме 40 производни линии да донесеме , а вкупниот број на работници да биде помеѓу 700 и 1.000. Извозот ќе биде наменет најмногу за Германија и Полска – порача таа.
Проценките се дека фабриката ќе биде пуштена во погон во мај.