Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, се спроведени во Кривичен суд, каде треба да почне судењето.
Спроведен беше во судот и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е обвинет дека при извршувањето на кривичното дело „Грабнување на малолетно лице“ на групата и кажал во колку часот девојчето само ќе излезе од дома за на училиште
Се поизвесно е дека Љупчо Палески денеска нема да седне на обвинителна клупа. Обвинението за Палчо чека спојување со првото против четворицата негови соучесници во убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Се очекува денеска да биде донесена одлука, па да им се суди за грозоморните убиства.
Kривичниот суд се уште не ги споил двете обвиненија во еден предмет бидејќи пред само еден ден беше дадено позитивно мислење за второто обвинение со кое Љупчо Палески – Палчо е првообвинет за грозоморните грабнувања и убиства кои се случија на крајот на ноември лани.
За денеска е закажано првото рочиште.
Од судот за Радио Слободна Европа велат дека обвинителството побарало спојување на двете обвиненија бидејќи се работи за ист кривино правен настан, а судот денеска треба да ја донесе одлуката. Ова се случува бидејќи прво беше поднесено обвинение за четворицата соучесници на Палчо, меѓу кои е и таткото на девојчето Вања, Александар Ѓорчевски.
На чело на судечкиот совет кој ќе го води судењето е судијата Ивица Стефановски.