ДЗС: Зголемен бројот на работници во индустријата
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 101.2.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 5.3 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.2 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.7 %, Капитални производи за 15.0 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 18.9 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2024 година, во однос на периодот јануари – јули2023 година, изнесува 101.7.