Ново раздвижување во руската армија – уште еден руски генерал приведен поради корупција
Уште еден висок руски офицер е приведен поради наводно земање мито како дел од големата кампања против корупцијата во армијата.
Генерал-мајор Валери Муминџанов, заменик командант на Ленинградскиот воен округ одговорен за материјална опрема, наводно примил мито во износ од 20 милиони рубљи или повеќе од 220.300 американски долари за да го склучи договорот.
Тој е петтиот генерал кој е приведен за корупција. Меѓу приведените е и поранешниот заменик министер за одбрана Павел Попов.
Се вели дека генерал-мајорот, кој претходно работел во Министерството за одбрана во Москва, потпишал договори во вредност од 1,5 милијарди рубљи за набавка на униформи, вклучително и за војниците кои се борат во Украина.
Според руската истражна комисија, генералот и неговото семејство наводно поседуваат неколку имоти вредни повеќе од 120 милиони рубљи во Москва и Воронеж. Се истражува нивната законитост.