Десничарите постигнаа одличен изборен резултат во Германија – колапс на владејачката коалиција

Во германските сојузни покраини Тирингија и Саксонија денеска се одржуваат регионални избори, а телевизијата ЗДФ ги објави првите резултати од излезните анкети.

Во сојузната држава Тирингија, екстремно десничарската AfD е во водство, со околу 33,5 отсто. Зад нив е конзервативната ЦДУ со 24,5 отсто, а на трето место е екстремната левица БСВ со 14,5 отсто.

Добар резултат забележа левичарската Ди Линке со 11,5 отсто, додека социјалистите од СПД (6,5 отсто), Зелените (4 отсто) и либералната ФДП (1 отсто) доживеаја колапс. Тие формираат и владејачка коалиција на национално ниво.

Што се однесува до Саксонија, ЦДУ има благо водство со 32 отсто, а зад нив е АфД со 31,5 отсто.

Таму BSW е на трето место со 11,5 отсто, додека СПД (7,5 отсто) и Зелените (5 отсто) имаат нешто подобар резултат отколку во Тирингија.

ФДП е и во овој регион со еден процент поддршка, додека Die Linke е со 4,5 отсто поддршка.

Целосните резултати се очекуваат по затворањето на избирачките места вечерва.