(Видео) Ливерпул му одржа лекција на Јунајтед на „Олд Трафорд“ и му се придружи на Сити на врвот на Премиерлигата
Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 3:0 и заедно со Манчестер Сити го зазедоа врвот на табелата во англиската Премиер лига.
Во натпреварот од 3. коло на Премиершип, гостите од Ливерпул беа подобар ривал, а менаџерот Арне Слот покажа дека е достојна замена за Јирген Клоп, кој го напушти клубот на крајот од минатата сезона.
Дека работите нема да одат мазно за избраниците на Ерик Тен Хаг се виде веќе во 7. минута, кога Александар-Арнолд ја погоди мрежата на Јунајтед, но голот беше поништен по прегледувањето на ВАР снимката.
Сепак, водството на Ливерпул дојде во 35. минута од натпреварот со голот на Луис Дијаз, кој го искористи центаршутот на Салах од десната страна и со глава го погоди голот на Онана.
Само седум минути подоцна истото дуо повторно предизвика конфузија во одбраната на Јунајтед, Салах – Дијаз – но гол за 2:0.
На почетокот на вториот дел, поточно во 56. минута погодок постигна и самиот Мохамед Салах.
По додавањето на Доминик Собошлаи, тој го постигна третиот гол за Ливерпул и ефективно стави крај на дербито на кое немаше неизвесност околу резултатот.
Ливерпул има девет бодови на табелата, колку што има и Сити, додека Јунајтед е на 14. место на табелата.