Дел од приватните автобуси утре ќе возат по редовен возен ред, дел ќе протестираат

Автобусите на приватниот превозник „Вестор транс“ утре, без никаков застој ќе ги реализираат, сите линии како што е договорено со ЈСП и Град Скопје, соопштуваат од оваа компанија за превоз на патници.

– Јавниот превоз организиран од страна на „Вестор транс“ во понеделник продолжува да функционира непречено и согласно со возниот ред. „Вестор транс“ ги почитува и реализира обврските што произлегуваат од законите, одлуките и актите, со кои се уредува превозот на патници и ќе продолжи да го извршува договорот со континуирано и редовно одржување на линиите 9, 11, 11а , 12, 47 и 55 за кои има добиено дозвола за превоз – велат од компанијата.

Сепак, приватните превозници oд други компании, од утре, одлучија да пуштат само по еден автобус на секоја линија.