Напад во болница во Истанбул – ранети се пет луѓе, напаѓачот избегал

Најмалку пет лица се повредени во вооружен напад во болница во Истанбул, пренесе турската медиумска мрежа ТРТ Хабер.

Напаѓачите раниле двајца полицајци, еден припадник на обезбедувањето и двајца цивили, никој од нив не е во животна опасност.

Нападот се случил во одделот за итна помош на болницата во истанбулскиот кварт Бахчелиевлер, како што пренесе ТРТ, оштетена е зградата на болницата и амбулантата.

Напаѓачите не се идентификувани, гувернерот на Истанбул соопшти дека возилото користено во нападот било пронајдено напуштено.