Со панихида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, марширање на коњаници и пеење на македонски патриотски песни низ улиците во историското штипско Ново Село беше одбележана стогодишнината од смртта на Тодор Александаров.
Во неговото родно Ново Село денеска беше откриен и споменикот, кој е поставен наспроти Музејот на ВМРО.
Поставувањето на споменикот на Александров, кој е со неговата пушка малихерка е на иницијатива на Здружението за одбележување на настани и личности од штипско Ново Село, а одлука имаат донесено и советниците во Советот на Општина Штип.
Тодор Александров еден од водачите на историското ВМРО, важи за претседател со најдолг стаж. Убиен е во 1924 година.
Но, се уште историчарите се поделени околу делата на Александров, за некои од нив е контроверзна историска личност, а според претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО ДПМНЕ, Александар Пандов е еден од најголемите Македонци и рамо до рамо со Гоце Делчев.
Во штипско Ново Село околу 30 години се одбележува смртта на Александров. Историчарите со неговото име поврзуваат низа на атентати, но и потпишувањето на Мајскиот манифест, по неговото убиство челната позиција во ВМРО ја презел Ванчо Михајлов кој го отфрла манифестот и продолжил со терористичките активности насочени против левото крило на старата ВМРО.