Првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов најави повлекување од функцијата во 2025 година.
Мукаетов најави дека нема да се кандидира за нов мандат на изборното собрание кое ќе се одржи на почетокот на новата година во период од 15 февруари до 1 март.
Функцијата претседател на РФМ, Мукаетов ја извршува од 2013 година, па така по повеќе од 10 години ќе видиме промена на претседателската функција.
Засега нема најави кој би бил неговиот наследник.
Успешниот бизнисмен успеа да го крене ракометот на уште повисоко ниво, со континуитет од настапи на големите натпреварувања што трае подолго од една деценија, но истовремено и развивајќи го младинскиот ракомет како редовен учесник на европските и светските првенства, како и враќање на Македонија на големата сцена во женскиот ракомет.